протресе св.

протресе (св.)

Мануш се врати нерасположен, со црвени очи од замор и сонце и плашливо го протресе за рамо. „Брат ти не е веќе таму“ му го подаде стутканото писмо.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сеедно“, таа ја подигна кутијата за шеќер и ја протресе, “утринава имав четириесет долари тука, а сега ги нема.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ноемврискиот ветер ја протресе куќата и додека таа зборуваше снегот повторно заврна од студеното, челично небо.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Момчето настојуваше да ги успокои со тоа што им ги ставаше рацете на рамениците и благо ги протресуваше, една по друга.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И музичарите работеа на тоа. Постои голема разлика меѓу Бах и Дебиси. Тие предизвикаа некои револуции. Ги протресоа боите, звуците.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Вашиот стил протресе многу навики. Тоа го нарекуваат откривање.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Таа ја поткрена печката и ја протресе. „Нема нафта.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа протресе со главата, очигледно како предупредување да не зборува, потоа ги раздели грмушките и брзо го поведе по тесната патека во шумата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Би било доволно само да станат и да се протресат, како коњ кога ги растерува мувите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не знам колку долго седев така и ја чувствував Дена како трепери стуткана до мене, кога одеднаш таа ме протресе и ми ги тргна рацете од ушите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дали да го протресе и да го расони, па веќе буден да го распраша што сонувал?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ме тресеше некоја чудна треска, во исто време и ме истоштуваше да не можам да останам будна, и ме протресуваше да не можам да заспијам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Мора да инсценираме инцидент - извика Дулитл. - Прво ќе ни удрат 2 шамара па после ние ќе им удриме Тв офанзива - се протресе падавичарот Кољо.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)