сеедно прил.

сеедно (прил.)

– „Тепање, ем лошо тепање сум му сторил, рекол Божин, со остенот ногата сум му ја окршил, ама сиот кабает го има Велко, што сеедно се џареше во него и не ми ги тераше воловите арно.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
СПИРО: Тоа ти е сеедно: да не си го заборавил елекот, би го зел и саатот, а да си се сетил да го земеш саатот, би го зел и елекот.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Бев сигурен - се возбудуваше, сеедно што читав негде од средината на оваа книга без почеток и крај.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сеедно, растев; безизлезната улица ми стануваше тесна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Колку мачно ли се чека една тешка ноќ една темна ноќ што застрашува Сега се смеам и знам дека сеедно не е како ќе дојде таа штом престрашено чекам да биде црна црна
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Тоа беше безгласно смеење на човек што не знае да заплаче, туку, сеедно, и на друг начин го искажува својот јад.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Кога ги провлекував прстите низ твојата коса, само по мекота поинаква од зрела `рж, не знаев дека еднаш, дење или ноќе, сеедно кога и каде, ќе го сторам тоа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Знаеше дека таа доаѓа кај него откај другиот и оди кај другиот откај него, и веќе не му беше сеедно, и знаеше дека болката не е само во очникот на лавот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сега знае каде се наоѓал тогаш, тогаш му беше сеедно.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но да им се вратам на почетоците. По нешто, сеедно дали бев известен или моите сетила беа со претскажувачка сила, знаев дека проживеаја многу ноќи во треска.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сеедно, рече. Твојот пријател е лекар. Пронајди го.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Гледај, се насмевна или, сеедно, мислеше дека го стори тоа. Гледај: парче небо меѓу овие дрвја.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не бараше одговор зашто, сеедно, можеби и не ќе го најдеше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Вие можете да ми се смеете на моите слабости - сеедно - јас ќе го продолжам својот расказ...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Вперени во бескрајна низа немили сеќавања. На кое да запре? Сеедно: во секое има горчина...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Неочекувано ѝ ја раскопча блузата. „Сеедно“, зашуме. „На тој Иван можеби не ќе му треперат рацете како на хирургот Никола. Тој можеби и не ќе знае.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Данче, примашот или трубачот - сеедно кој ќе му ги земе парите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
МИЛКА: Сеедно. Ќе имаме достатно време за едно кафе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Некоја сила што не може да се обузда, го држеше, сеедно е тоа... само тоа одвратно треперење на телото...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Да излезам одовде со врзани раце, зачекорен кон бесилото, или да избегам, тоа е сеедно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе