сестрано прил.

сестрано (прил.)

Ако прашањето за народноста на Македонците има првостепено значење за Бугарите, Србите и Грците и секоја од овие народности го третира по свое, тогаш зошто и ние тоа прашање да не го земеме во свои раце и да го разгледаме сестрано – и од бугарско, и од српско и од грчко гледиште, и критикувајќи ги сите нив да не си изработиме македонско гледиште за нашата народност, а се задоволуваме, според местото каде што сме се учеле, или со српското, или со бугарското или со грчкото гледиште?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Без сестрано, исцело проучување на сите посебности на видливото, многу тешко е да се претпостави можноста за каква и да е негова естетска трансформација во невидливо.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Потсетувајќи се на тоа а во контексот на оваа медитација, сѐ повеќе се уверувам и осознавам дека не само не е едноставен туку напротив, дека е многу сложен и честопати несовладлив проблемот авторот сестрано да го согледа и проучи феноменот на видливото.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Марија, запознавајќи го добро тој неискажливо хуман и сестрано образован човек во бел мантил, во сето ова изминато време во болницата, знаеше дека тоа "добар пат" , кажано од него, не е само вообичаената изрека.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Животот е многу сложена појава, која треба сестрано да се проучува.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Посебно не се разбирав од таленти на кои, според Девојката во снежните топки, им требаше итно и сестрано реализирање.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)