сираче ср.

сираче (ср.)

И, ако со виното вдовица вашата силна жед ја загасила медно, а ако ви бацило рака со насмевка милна сираче нејако, бедно, ил ако во гозби сте имале почесно место — кое е гордост, би рекол - и ако здравицата вам ви се здравила често: здравје ви посакал секој — па, да се присетиме ние за тоа и нека да се покажеме смели!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Нема сестри, нема тетки, никого он нема: е едничек, е самичек, сираче без татка...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Ти се подбиваш со мене, зашто знаеш дека јас сум сираче, дека нема кој да ме заштити!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
И уште двајца: Циганчето Паљо, молчеливо сираче со расечена зајачка усна, и Васко, надарен без страв да фаќа живи гуштери, жаби и змии.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таа била девојка сираче, само со еден брат когошто Турците го однеле на заточение и без нигде никого, па кога овој ја грабнал, никој не ја побарал.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Како добар, селаните му згрмадија една куќарка и го оженија за едно девојче сираче.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Зар уште сакаат да оставаат сирачиња, - се јавува мајка ми со нажален глас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Толе пак, да се оправда и пред Трајка, и пред власта, се фати свети Јован со убавичката му женичка Митра, која исто насила му беше дадена на Трајка од нејзините роднини, бидејќи беше останата сирачиште уште од трите години, та уште на седумнаесетте му ја дадоа на стариот ерген Брлета за пет лири пари и десет овци да му ја отворат куќичката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Петара веднаш го мобилизира војската, го доизучи и го направи офицер, а Неделко и Тодета, под изговор дека се грижат за воените сирачиња, а всушност со сосема јасни намери, за да ги посрбат, училишните власти ги однесоа - Неделка во Крагуевац, Тодета во Горни Милановец, божем за да ги изучат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоде, пак, најмалото од сирачињата Младенови и Спасиини, по завршувањето на гимназијата во Горни Милановац, по наговор на брата си Петара, кој служеше во кралската гарда во Белград, капетан, заминал во Загреб за да студира на тамошниот медицински факултет.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По мене му е лиднат умот, што се вели, и иде ко сираче, никаде не ме испушта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не заслужувам, рекол со незабележлива возбуда во гласот. - Ги носам на душа сирачињата на Јаков Иконописец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе изгинете, децата ќе ви останат сирачиња. Мајко Минадора, кажи им.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби беше таков зашто останал сираче уште од дете кога Турците му ги убиле родителите во времето кога беговите им ги одземале тапиите на селаните.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Даде, зеде, викаше, се топореше и најпосле ни ги пушти андарите; тие ја запалија црквата, испотепаа едно чудо народ, мене ми ги отепаа и жената и двете деца и еве остана само ова сирачево...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ако се даде пример од современата француска философија има голема разлика помеѓу Дерида, последниот во долгата линија на синови кои ја оплакуваат долгоочекуваната смрт на татка си, и Иригаре, која се препознава себеси како самохрано сираче несакано од татка си.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ѝ најдоа една таква девојка која беше сираче и која се хранеше работејќи по куќите во селото и која имаше како него некоја маана во говорот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тие вдовици и сирачиња веќе самата мисла на нив го жештеше!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Краста: А што можам? Ќе го чекам Божик, а испеченото месо ќе им го подарам на сирачињата од домот. Само страв ми е.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мајка се роди сираче. Не го запамети ликот на својата мајка. Живееше добро со маќеата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе