скок (м.)

Како младите луѓе што во работењето претпочитаат скокови наместо постепено, но постојано работење во еден ист правец, и младите народи ги претпочитаат скоковите пред постојаната упорна работа во еден ист правец.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А железницата јуреше низ темнината со најголема брзина; за скок не можеше ни да се помисли – при таква брзина бездруго би се разбиле на камењата крај пругата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Скокови на делфини, од студентските дни Delphinus, крици на некогашни веслачи на галии.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Лавот се исправа и претпазливо гледа кон кловнот. Можеби се готви на скок.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Со страшно лаење и со неколку скока ја стигна волчицата и ѝ се фрли на грб.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Стануваме грч, Станува скок, Цела планина прескакаме.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Наеднаш почувствува дека човековиот живот ја менува својата врвица во неколку скокови и паѓа во црна недогледност како коњ со прснато срце.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се сврти и со голем скок се најде за миг во една трапчинка до сеното.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ќе се повлечеа во своите соби ако не станеше она што стана двапати пред тоа: по третпат гласно `рзнување се пропна на задни нозе како пред скок и удри во прерано испукнатиот таван. „Тоа чув“ , им рече непобеднички додека тие молчеа онемени од морничавост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Нојовиот ковчег, опустошен од кратковиден сон на луѓето во него, беше глув за далечните возови, за нивното пропнување пред скок во неипитаната ноќ.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се наежува, камата се извлекува од канијата. Два-три скока и право во тилот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но, веднаш потоа мечката продолжи да му се приближува со уште понестрпливи скокови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога не можеше повеќе да остане притаен на својата само за една педа недофатлива височина за нивните скокови, во која неретко, само за еден кус миг, успеваа и да си ги впијат своите муцки секоја од тие отскокнати и спалавени дивинки; кога немаше повеќе сили да остане ни со затворени очи над тој ужас, тој пукна во самата средина на тоа клопче пред себе и сега веќе не успеа ни да ја додржи пушката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А волкот уште иститот миг се згрчи во едно ужасно зимско клопче и се отфрли далеку, колку два скока.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како го прави тоа – никој не знае. Неговите скокови се вистинско чудо.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Но кога со врел скок летото рипна во нашата градина, тревата почна да жолтее, а земјата да се суши. Растенијата беа жедни.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Веќе две години, откако поизрасна и откако со скок успеа за првпат да се фати за гредата, оваа вежба му стана омилена забава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не успеа да се пробие, па се врати, одново се залета и со силен скок се најде преку него, легнат во снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Наеднаш скокнал и со еленски скокови ги прескокнал Турците и - магла. Ја фатил планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Крвта бликна и му го облеа лицето, а Толе збесна. Со еден скок го фати сега за гуша Аќифа, му го откина јатаганот и, дури да посегне Толе и дури да го спречат другите ораџии и сеирџии што се загнаа да го откинуваа, Толе замавна и тилот од Аќифовата глава се оддели од другата половина и Аќиф се испружи на сред чаир.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе