сметководител м.

сметководител (м.)

Нешто како помошник сметководител на сите мензи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тот не само што го надоместува живиот јазик, туку освен тоа е задолжен за мачната работа на мерење на срцата и душите на мртвите; тој е бог сметководител, кој освен тоа е изумител на игрите на среќа и криптограмите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Татко ми е одамна починат (почина по два месеца откако заминав, затоа што не можеше да се соочи со тоа дека син му е циркузант), мајка ми почива до него од пред некоја година, а брат ми е сметководител во една мала фирма, неженет, и сосема пристојно заработува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како пензиониран сметководител на Универзитетот, беше убеден дека треба да ги користи благодетите на меѓународната студентска соработка.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)