сојузнички прид.

сојузнички (прид.)

Во тоа време кога Бандо и жена му ги сонуваа овие соништа, војската крстосуваше низ селото: одеа на фронт, се враќаа, пренесуваа раненици, довлечуваа оружје; се слушаше далечно пукање на топови; луѓето се качуваа на планината, одеа со чунови по езерото да чујат што подобро, се будеа ноќе кога пукотите на топовите ќе се огласеа поблиску, и со нетрпение чекаа да се пробие веќе еднаш фронтот, да дојдат сојузничките војски од Грција, да им дојде крај на овие исчекувања и маки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сепак меѓу парижаните, па и кај сите французи, Сурен најмногу е познат по една своја знаменитост, по, речиси, најголемата болница во Франција, која го носи името на Фош, командатот на сојузничките сили на Првата светска војна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
До Балканските војни, првата и втората, Сојузничката против Турците и Меѓусојузничката, кога Србија и Грција стапија во сојуз против Бугарија и до крајот на првата Голема војна, светската, на местово на денешниве ливади под шумата се простираа надалеку прочуени лозја. Но војските и филоксерата ги уништија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во 1868 година со Сојузнички договор и со Воена спогодба за оружена акција во Турција, Србија и Грција горните преговори за поделба на Македонија ги санкционираат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во сојузничките војни, пак, против Турците, по победата над нив на Алинци, во есента 1912-та, прва во Потковицата навлезе српската војска.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Преку денот избегнувајте да бидете во близина на комуникациите за да не претрпите загуби од страна на сојузничките воздушни сили.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Кон ова се надоврзувала и информацијата од Главниот штаб на сојузничките сили до Штабот на воздухопловството од 1 декември 1944 година во која се потенцирала изјавата на бугарскиот министер без портфолио Петров дека “втора цел во програмата на Отечествениот фронт е унија на Бугарија и Југославија или како алтернатива балканска федерација вклучувајќи ја и Македонија како рамноправен партнер...“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
321 ________________ 285 Претходно на 21 август 1944 година началникот на Поверенството на народната одбрана на НКОЈ од ГШ на НОВ и ПО на Македонија побарал да им се испратат податоци за сојузничките офицери кои се наоѓале при единиците на НОВ и ПО на Македонија. АВИИ,к.233, рег. бр. 40-4.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Сојузничките армии, ѝ велел младиот хирург на својата убава Клементина, во Солун донесоа војници од своите колонии, од сите континенти, овде имаа претставници од дваесетина народи”.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Запреле крај Беаз-куле. Тука сретнале сенегалски војници од француските сојузнички војски, марокански офицери, француски морнари, британски војници, сите во разнобојни униформи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ќе учествува во многу поморски битки за различна намена, а најчесто како миноположувач за на крајот од сојузничките авиони да биде потопен кај Риека во 1944 година.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Стејт департментот укажал дека воопшто не гледа благонаклоно на таа идеја од причина што за Бугарија, како непријателска земја, сега е неприкладно „да склучува договори или други меѓународни акти, во период кога таа е под контрола на Сојузничка комисија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
130 Кон средината на септември 1943 година, во Врховниот штаб на НОВ и ПО на Југославија пристигна англо-американска воена мисија со членот на Британскиот парламент, генералот Фицрој Маклин. 132 Статијата беше објавена во одделни брошури на англиски и на српски јазик во сојузничкиот печат.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Правејќи осврт врз дотогашното пишување на сојузничкиот и неутралниот печат, Тито во статијата ќе забележи дека во дотогашната светска историја тешко ќе се најде пример на „поголем цинизам и неправда што се направени на еден народ којшто поднесува толку големи жртви“, за најпосле да можат сојузниците сепак да увидат „кој се бори во Југославија и кому треба да му се помогне“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)