срма ж.

срма (ж.)

Да го видиш во оние алишта дебарски само со гајтани, ќостег од срма до рамото, нож и пиштол од сребро, а саат од злато, појас свилен, па на него шамивче свилено пред себе.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Жените од овој крај сѐ до Илинденското востание тука носеа сосем бели носии извезени со срма и злато, носии многу живописни и надалеку чуени по својата убавина, а мажите куси облеки.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И султанот во срма би ја облекол и со мед би ја поел. А во грлото злато ѝ ѕуни.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кражбата ти е исто што и занает - се делкал штичиња и си научил да прави каци, ковчези со срма шарани, па дури и чези.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ајша почна прво со облеката: – Види што елече ти купи кадијата? Ами димииве, појавчево – чиста свила и срма.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Доведи ми чалгии... - нервно свика Панде и џбурна со раката во големото, со срма извезено ќесе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И штом убаво се развидели, го нагрна кусото, со срма извезено џамаданче, го накриви испегланиот, тукушто донесен од калап фес и, мамурлив од пиењето и неспањето, тргна сам со Бакала накај езерото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Јавнал на бел алогон коњ, Питу, целиот облечен во срма, се спушташе бавно низ стрмните улици на градот. Тие беа сега речиси пусти.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа утро Никола стана рано... Си ги обу сините потури7), ги навре чевлите, го облече црвениот со срма опточен елек и ѝ викна на Султана: - Султано!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тој, пак, Мустафа ефенди, сиот напернат и сиот облечен во срма и кадифе, и од порано известен од страна на прилепските првенци за намерите на потковичаните да дојдат кај него и да му предадат за султанот писмо и план за ѕидање на црква, општина и училиште и за нивната желба да се измират со Хаџи Ташку, ги дочека силно израдуван.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На одење таа го отвори ковчегот и од него извади шамивче, здиплено и порабено со срма.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Во далечина се лелеел предаприлски воздух и можел да биде река на стопена срма, тек на проѕирни настани од волшебна приказна од која во душите ѕвонат танки жици на тага по нешто што било и што не ќе се повтори веќе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќето од жените на козарите првпат во животот се беа промениле во чудесните народни носии, полни срма и сребро, блеснати во преплет со прекрасни и невидени бои, од црвено-модрикава до жолто-зеленикава, бои што можеа да се видат само во планински предели.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А и ти беше личен во машката носија! – Требаше, со тоа, да ја покажеме древноста и убавината на нашите носии, нашата виталност... – дополни Татко. – Џамаданчето, сето извезено со сребрена срма, уште го чувам.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Жена му пак, Калија, и таа со златни раце како него, кои во коприни донесени од Измир со срма правеле чудесии, на ибн Пајко му била десна рака и десно раме, ама и чувар за нивната неизмерна меѓусебна љубов.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На прошетка по месечевата патека Поема на живеењето. Со светол стап од месечева срма во раката
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Облечена во носија како што се облекувале, а на неа поредени украси од срма, ѓердани, рачно изработени ќустеци, чиниш сонце ја грее од две страни...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Изгубен во осаменоста ќе беше малиот Дом Без оној дрворед од сомненија И без приказната што ти ја принесуваат Духовите на тас од ветрови прачки Завиткани во срма од месечина, Негде во предградијата на реченицата.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)