стапнување ср.

стапнување (ср.)

— „И научи, кучката една“ — си велеше мајка ѝ со умот, кога на крајот на учебната година, на свети Кирил и Методи, даскалот Бино пак одржа цел говор за неа пред оние исти родители, пред кои есеноска одржа за нејзиното стапнување во училиштето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И конечно, тоа што најмногу ме зачуди и што се покажа како кобниот фактор во мојот престој кај тетка ми, беше извонредно мекиот теписон во кој и влечките ми потонаа уште при првото стапнување во тоалетот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Поради таа болка, при секое стапнување со десната нога се наоѓаше приморан да накуцне.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)