стопати прил.

стопати (прил.)

Србите го поддржуваа да не останат поназад од Бугарите; но да беа српските интереси така врзани со востанието, тогаш Србите стопати ќе ѝ објавеа досега војна на Турција без да чекаат од некаде помош, без да гледаат дали ќе биде излезот за нив благопријатен или не. – Бугарите хранат обездомени Македонци, но истото го прават и Србите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од сето горе речено се гледа оти бугарските арнотии за нас Македонците ни најмалку не се разликуваат од српските, но затоа пак нѐ чинат стопати повеќе: 1/ за бугарското име што ни го подари Егзархијата82ние ги зедовме на себе сите добрини што се врзани со него и со кои се украси тоа име во најновата историја на Балканскиот Полуостров. 2/ за бугарските училишта и бугарското „покровителство” на нашите интереси ние немаме никакво сочувство од страна на Русите, не затоа што тие ги мразат Бугарите, а по тие причини што тие толку многу направиле за Бугарите, колку за никој од словенските и православни народи: излегува оти тие и за нас Македонците направиле многу и немало зошто уште нешто да очекуваме од нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се наведе, му бакна рака и му ја кладе парата во неговата рака, говорејќи му: — Земи, дедо Петко, алав и од мене и од господ. По стопати алав.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Убави, милите лисичиња зелени, мили, мили милиии!“ — се разговараше Нешка, се разговараа две китки која од која поросни, помлади, поцрвени, поубави, а мислите на Нешка ѝ беа таму далеку во планината, во Зелка, во Ѓурѓишта, во Ѓурѓовиот камен, Козјак, Трибор, Перун, негде, негде во Рожденската или Книнската планина, каде што он, тој мочко нејзин, бере дрва со магарињата и нови, нови, стопати поубави китки ќе и донесе нејзе да ја израдува, оти преку нив таа го имаше и го чувуваше самиот него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И Зоки стопати ќе рече: - Смее да се јаде!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Стопати на Зоки му е речено дека жешката супа не смее веднаш да се јаде, зашто забите ќе се расипат.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Стопати на Зоки му е речено дека супата и не смее сосем да се излади, па потоа да се јаде. А Зоки сѐ ќе рече: - Смее!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ѓавол да го земе и лисјево што ни шушти под нозете, зашто чичко Петре стопати налутено ни рече да внимаваме и кроце да газиме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
По стопати берете му го гревот — заврши Пере и длабоко воздивна, вртејќи ги очите од Јордана да не му го гледа суратот. — Е, море, ние, ние.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сакав да го прашам татко ми зошто уште ја нема мама, убедена дека таа досега стопати ќе дотрчаше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Песнава моја е ѕун на полето - еднаш испеана стопати ќе екне.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Колку во нозете, стопати повеќе во душата имал, во срцето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Речиси отточканото може да го проверува и по стопати, да го врти и да го разгледува од сите страни, да го мери со педи, со лакти, со сажни...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И ова е само една вистина, зашто вистини има стопати по толку, којзнае колку пати по толку.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И стопати речи ми - малечок, кускуле, глушец, мравче - што сакаш речи ми и илјадапати, ама Марко веќе не се тепа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Може подобро знаеја белите мечки отаде лагуната, кои стопати рекоа: - На оние таму Дедо Мраз им дал се што сакаат, само им го одзел умот во главите!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Да постоеше, досега стопати би ја обрале.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И почна низ плач да му зборува: Пишман се сторив стопати зашто кренав рака на неа за ништо.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Како да не го раскажувал по стопати својот живот: од сиромашното детство, преку затворот до партизанските години.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мачката му одговорила: - Не гледаш ли? Мене по стопати на ден ме тепаат, па не сакам да знам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Повеќе