стрижење ср.

стрижење (ср.)

Беше наредено општо и до кожа стрижење. Тоа беше најпонижувачко стрижење што може да се замисли.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Втората од овие две помалку тажни љубовни истории, која единствена има несреќно среќен крај, но која врз себе носи два завојувачки печати, српски и бугарски, се случи набрзо по убиството на Ристана Голушкоска и на Видана Јанчески, во пролетта 1944 година, во време стрижење овци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таа вода го полнеше Чочкин Вир каде се капеа овците пред стрижење, а во него сите селски деца што стигнуваа до него се учеа да пливат во прво време држејќи си го носот стиснат со два прста додека не се излезе на другата страна.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Му реков на берберот да ме острижи повисоко и да ми ја земе малку повеќе, зашто немав намера брзо да дојдам повторно за стрижење.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Селаните ќе извадеа валкани шамичиња од бечвите, ќе ги отплеткаа јазлите и ќе му изброеја пари за стрижењето во подадената рака.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мозокот на Х се гледаше и сите љубопитници што чекаа на ред за стрижење и бричење се радуваа што ќе можат да му ѕирнат во мислите.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)