студенило ср.

студенило (ср.)

Кусите денови на студенилото носеа со себе сива здодевност.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Темниот удар на крилото темно ја сече модрината. Блеснува на студенилото рибата в клунот раскината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Му идеше во телото студенило и од тоа му се ежеше кожата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сѐ додека можеше да се гледа, сѐ додека можеше да го поднесува влажното студенило на ноќта, седеше на трупчето, пред колибата, со пушка преку колената.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Оф, оф! - се топеше од задоволство, чувствувајќи го студенилото на снегот врз пламнатото лице.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Околу срцето чувствуваше студенило.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сонцето зајде, се нафати мракот, се стемни, езерото ги промени сите бои и најпосле остана со една чакната блескавост што зрачи студенило.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Колку многу ѝ беше тешко од тоа студенило на стаклото и од таа самотија.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Покрај многубројните објекти во барок и рококо стил, или објекти во еден тежок современ стил од кој може да зрачи достоинство и студенило, овде архитектите, во какафонијата на семожните геометриски линии, со бујна фантазија доловиле неверојатно складност на старото со новото во градежништвото и со тоа, навидум, како да ги демантирале сите закони на физиката...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повторно почнав со часови да го испитувам секој дел на ѕидиштето, тоа студенило што се всели во Кејтеновиот син и моето срце.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
По извесно време, студенилото му премина во оган: гореше, се потеше, фрлаше сѐ од на себе, но ништо не помагаше; чувствуваше како повторно да се наоѓа во Сахара, во нејзината жештина што еднаш ја доживеа; во бунилото повторно му излезе Сахара пред очи и жената со која што тргна и која постојано му го отвораше прозорецот од џипот и му велеше: издржи, издржи уште малку, а низ отворените прозорци место свежина влегуваше уште поголема жештина.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Еден од мајсторите го зеде јагнето и го завлечка накај темелот: јагнето насетувајќи ја опасноста, почна да блее и да напиња со глава да ја скине врпцата, но мајсторот го зграпчи за половина, го крена и го однесе до темелникот; кога јагнето го виде ножот што го измолкна мајсторот зафати посилно да прета и пожално да блее, да моли за спас; но мајсторот, го притегна поцврсто да не прета и му ја стегна устата; јагнето сега почна со погледот да го моли мајсторот да го пушти, да го ослободи; но мајсторот му ја затегна главата нагоре за да му го зарие ножот; кога виде јагнето дека му нема спас, дека мајсторот нема срце, душа, го погледа со презир, со омраза и смигна да не го види сечилото од ножот што му беше допрено до кожата; првин сети студенило во грлото, налик на допир на мразулец, а потоа силна болка, губење на воздух, на здив, на свест, се стресе, спрета со нозете, за последно сапна, потоа се успокои, како да заспа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
По една невесела седенка зад која остануваат расфрлени карти, купови отпушоци и студенило на луѓето еден кон друг, се враќав низ заспаниот град без движење на коли и без минувачи и му се простивставував со чело на остриот дожд, на тој предвозник на утрени мразови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Го почувствувал студенилото на долгата пушка, воздивнал влакнест како овен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И едниот и другиот Онисифор побрзале да клекнат и да го испијат со коленици сето студенило на влагата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Знам, судејќи по студенилото на сивилото дека овде ни месечина ни сонце не греат. Сѐ како да е небо.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Клевската изложба на студот“ од 1945.година го призна студенилото при враќањето на мртвиот дом и на мртвото општество, но „Клевската топла изложба“ од 1946 г. означи дека Бојс научил како со помош на уметноста да се стопли за живот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Иван Никифорович многу сака да се бања, и, кога ќе седне во вода до грло, наредува да му се стави самоварот и многу сака да пие чај во вакво студенило.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
16. При допир на неговите падини се чувствува студенило.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Жилетот ќе загризе во него со студенило што пече, па дури и прстите што ќе го држат ќе бидат засечени до коска.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе