студира св. и несв.
студирање ср.

студира (св. и несв.)

И кога по судирот чкотна клечка ќибрит и го погледна убиениот непријателски офицер — како и него да го пронижа куршум, бидејќи во него го позна најблискиот свој другар од универзитетот во Марсеј, каде што двајцата студирале на една група, та дури заедно и во еден кревет лежеле цели две години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Брзо, со страст на гладен портретист, ги студираше модрите сенки на обрастените лица и се чудеше на неверојатно светкавите очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
МАТЕЈ: Знае да игра оро. БОРИС: Знам и јас. МАТЕЈ: Ги знае сите ора: Тоа студирал.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ЈАКОВ: Сега кажи драг колега зошто толку се пикаше до мене кога студиравме. Кажи душо. (Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ѕидиштата на „Купол“ се ишарани со фрески, во чие творење учествувале и разни југословенски метници кои студирале и учеле во Париз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
НИКОЛА КИРКОВ е роден во 1920 година во Велес, матурирал во Велес а студирал право во Белград и Скопје.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но студиите не му врвеле најдобро; се здружил со тамошни бунтовни младежи и со нашинци работници печалбари, па, наместо да студира, се оддал на политика.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоде, пак, најмалото од сирачињата Младенови и Спасиини, по завршувањето на гимназијата во Горни Милановац, по наговор на брата си Петара, кој служеше во кралската гарда во Белград, капетан, заминал во Загреб за да студира на тамошниот медицински факултет.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Учен е човекот, велам, студирал музика.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Од читање, вели, студирав малку славистика.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Родена е по земјотресот. Сосема се разликуваме. Студира за компјутери. Нема момчиња.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Редовно доаѓа на претстави. Студира електроника или нешто слично. Мила, посебна девојка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тогаш живите деца се заветуваа да студираат медицина, да ѝ бидат на помош на мајка ми, на семејството.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Постарите браќа, како што израснуваа, подземаа од семејните обврски, откако ќе изучеа некое средно училиште, најчесто медицинско или техничко, веднаш се вработуваа, отворајќи перспектива најстариот да студира. Повеќето се определуваа за медицина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Студирал техника во Берлин, а во 1908 година се запишал на техничкиот отсек на Универзитетот во Манчестер.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во дваесеттите години ќе студира на еден познат политехникум во Лондон.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Пред татковите очи, во времето кога студираше во Цариград, се уриваше вистински Вавилон од народи, вери, обичаи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ќе продолжи да се школува, по препорака на своите француски професори од Цариград, првин во нормандискиот Лизје, потоа во медитеранскиот Каркасон, а ќе студира романска филологија на Универзитетот во Дижон, ќе слуша две години предавања на Колеж де Франс.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нивната интелектуална амбиција, онаа наводно силна глад по знаење и мудрост поради која човек, како што велат, се решава да студира филозофија, молкум се повлекува пред првата конкретна општествена пречка и веднаш наоѓа сатисфакција во ситната злоба и лицемерието на приватниот трач.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Не можеше да студира. Не можеше да се вработи...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Повеќе