субјективност ж.

субјективност (ж.)

Одговарајќи на своето прашање „Зошто материјалистите би требало да имаат страв од свеста“ Серл укажува: „Најдлабоката причина за стравот од свеста е дека свеста ја има суштински застрашувачката одлика на субјективноста.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Од една страна, субјектот станува чиста безсупстанцијална субјективност без свое детерминирано место во природата и културата, но, од друга страна, субјектот исто така станува еден меѓу многуте елементи на универзумот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Овој контекст и развиената субјективност се вистинскиот темел на нашиот нов идентитет, кој јасно се обликуваше (исто така во форма на нови општествени, политички и културни инфраструктури) во последните десетлетија на ова столетие.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Заради потврда на сопственото дело во сегашноста, тој се потпира на минатото онакво какво што го согледува тој и во тоа настојување тврдоглаво ќе ги пренабрегне не само историските документи туку и фактот дека автентичноста на пронајдениот ракопис, колку и заводливо тој да нуди убедливост, не може да се провери бидејќи носи во себе субјективност на наменски пишуван животопис.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)