суспензија ж.

суспензија (ж.)

Кадровикот, значи, предложи Баге да ѝ биде доделен на забавно - хумористичната редакција, која си имаше своја програма и свој термин во шемата на таа програма, но немаше постојан уредник туку редакцијата ја водеше моментно суспендираниот уредник од друга редакција, и така наизменично како што имаше постојано по некој уредник под суспензија, и така постојано додека имаше на располагање наизменично суспендирани уредници.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Така, на пример, веќе ја немаше ниту изречната одредба според која, за времетраењето на суспензијата, работникот има право на надомест на личниот доход во висина од 1/2; а ако издржува семејство – во висина од 2/3 од износот на просечната месечна аконтација.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
6. Суспензија Со ЗРО (1993) беа избришани серија одредби кои се однесуваа на, задолжителното или факултативното, привремено оддалечување на работникот од работното место или, пак, дури и од кај работодавецот (чл. 41-45, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)