телефонски прид.

телефонски (прид.)

Отец Симеон не го слушаше неговиот телефонски разговор.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ги склопи очите и ги виде сите бројки - соседи: се стискаат во телефонска кабина а црната слушалка шушкаво го впива неговиот здив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
4. Ако доброто почна да бега и од него зашто тогаш не му рекоа обвинет си дека си луд, смртна опасност си за луѓето, дојди на испитување, болницата се наоѓа таму и таму, бројот на телефонот е во телефонскиот именик, туку дојдоа како ураган, обајцата - горила со ниски, безгрижни чела и зелени подочни кеси, обајцата колку тројца како што беше тој, набрекнати, сити рамнодушни за сѐ, дури и за себе, ни толку умни за да бидат некогаш луди.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А на телефонските столбови број не им се знае.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
На линијата на фронтот дење остануваа само стражари и извидници кои меѓусебно беа поврзани со систем на јажиња чие повелкување в лево и в десно одеше од војник на војник до последното каже кое го затресуваше ѕвонецот во штабната земуница до каде што доаѓаше телефонската врска.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Искинатите телефонски мрежи и железничкиот сообраќај меѓу Битола и Солун, запалените беговски чифлички кули и слами, оружаните напади во целиот битолски револуционен округ, поразите на аскерот скоро во сите операции, му задаваа сериозни грижи не само на валијата и пашата во Битола, туку го натераа сериозно да се замисли и Хилмипаша во Стамбол, а преку него и самиот султан Абдул Хамид.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Преку сто телепринтери и 700 меѓународни телефонски врски.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ене потаму и јавна телефонска говорница.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Како да телефонираме кога во телефонската говорница нема телефон. Нема ништо дури, ни жици! Сѐ е кренато, сѐ е откорнато...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Се завиткувавме во нив, ги врзувавме со телефонска жица што ја наоѓавме во ѓубриштата покрај морскиот брег.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Откако ќе го исклучам телефонот, ќе ми ја пронајде адресата во телефонскиот именик, и ќе ми се нацрта пред станот... ...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
„тигарот“ го пишувам со истиот црвен фломастер со кој и го прибележав мојот телефонски број на топлата дланка на девојчето.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Квечерината, додека претураше по белешките, виде како неколку врапци се распоредија на телефонските жици како ноти на петолинието.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ми ја научил адресата преку Ташкент и ми закажа телефонски разговор. — Ало! — Ало!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мајка ми влезе во кујната и кога ме виде со телефонската слушалка во рака што јас од возбуда заборавив да ја спуштам, очите од лутина ѝ светнаа: - За ова би требало да бидеш казнет, - процеди бесно, - ама, сега нема време за тоа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Хорацио знае да ме поткара: - Миличок, кога стануваш, кажи ѝ на столицата довидување. Ливчето со телефонскиот број го загубив.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тие прават разни скаламуции со броевите на кредитните карти, телефонските пораки и автоматските информациони машини. Св. Витус вели дека компјутерите целосно управуваат не само со болниците, банките, воздушниот сообраќај и со системот за итни повици туку и со превозните системи, семафорите и водоводните и електрични услуги - буквално секој систем што вклучува голем број на луѓе и богатства.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Сам, со неколку телефонски повици оддалеку пишувам во прво лице еднина против трето лице множина.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Излезе од телефонската кабина. Полека тргна по улицата и слушаше како телефонските кули шумолат во воздухот, живи, уште недопрени.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Организери за визит-картички (секоја картичка во својата пластична куќичка), организери за моливи, за адреси и телефонски броеви, за чекови и пари, за текстови, документи, за секој предмет, за секоја намена, за секоја прилика.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе