торбеш м.

торбеш (м.)

Во 1927 година татко ми купил куќа и земја од некои Турци (Торбеши) кои масовно се селеле во Турција.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Само Торбеши, со македонски јазик и исламска вера. - Тоа значи, наши.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Што народ живее таму? - Сѐ Торбеш до Торбеш. Ни Турчин, ни Арнаутин, ни Ѓуптин.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во дебарско-кичевските и скопските краишта богомилите биле познати под името „торбеши”, а во Воденско и Солунско како „кудругери”.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)