трансформатор (м.)
Според процената на Морган од 4 февруари 1943 година основните цели за уништување на мисијата требало да бидат: “(а) Електричната централа во Тетово. (б) Локомотивите и возниот парк на теснолинејката а споредни цели можеле да бидат: (в) Инсталациите на електричната станица, трансформатори и др. во Радуша. (г) Надземните јажиња од рудниците. (д) Помали саботажи на теснолинејските шини.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Разгледуваше наоколу, ги гледаше водовите, слушаше како прибучува трансформаторот, работата си се правеше сама од себе.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
На Симона му се врати здравјето и тој сега одвреме-навреме оди до трансформаторот, но сѐ помалку време поминува таму.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Вчера ти сама дури до зад трансформаторон долу, вели.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)