увце ср.

увце (ср.)

Еј, ѓаволе, му рече Змејко. Што има? Срнчето на тоа само помрдна со увцињата, како да му рече да молкне, а потоа пак се скамени.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги гледаше неговите кревки увца и неговите очички, и оние четири тенки како чапарушки и растрперени ноженца, ја гледаше сета таа чудесија од кревкост и невиност, со нешто многу од тревките во себе и со секој миг сè посилно знаеше дека таа дива ноќ не можеше да биде во состојба ни да измисли друг повистински гостин, што би можела да му испрати за да го зарадува во неговата самота, од овој, што беше сега тука, во неговите нозе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тие увца исто онака ѝ се помрднуваа, како кога дува тивко ветре низ тревата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Што работиш, Кејтенов сине? - го прашав еднаш тихо, на увце.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Го потргнував за ногата или увцето а да го смолкнам кон мене, во мојот двор и триста чуда и ѓаволии со него правев.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Костадин не се лути, не се развикува како што знаеше да прави, седи така облечен во неговите алишта, климка со главата ама лицето не го врти на кај неа, пак мирно го пушта својот глас, мек, топол и во него топла грижа дека таа навистина треба да си поспие да собере нови сили, а тој ќе бдее врз внучињата нешто да не ги нараси, да не се појави стаорец од некоја дупка и да се полакоми по некое носе или увце.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Сакаш да зборуваш, сакаш да пееш, сакаш да пишуваш или сакаш да носиш шрафцигер зад увце?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но Марче остана да седи на подвиените колена, само се фати со раката за срцето, па за увцето („Уф, што ме уплаши!”), а потоа не ја ни сврте главата за осорно да го праша: - Од каде ти?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)