угнетување ср.

угнетување (ср.)

Газењето и угнетувањето на Жената, вулгарните вицеви и арогантниот тон што го манифестира тоа суштество во темен костум на Жан-Пол Готје, веќе по првите неколку моменти смислено предизвикуваат отпор.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ете, значи, поданици кои дословно се инкарнирани со угнетувањето чии што се жртви, принудени да се препознаат во државата што ги сотира мавтајќи им пред очите со нивниот сопствен лик.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Имало најстрашно угнетување, неправда, сиромаштија - полошо од сѐ што можеме да замислиме.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во својот одговор Тито ќе истакне дека бригадата е формирана од бегалци од Грција кои ја преминале границата за да го избегнат угнетувањето.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Балканските народи – Грците и Југословените“, а тој под Југо-словени ги подразбирал Србите, Хрватите, Словенците и Бугарите, „со векови се бореле против угнетувањето“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Таа исто се залагала и против сите облици на краличинство кај мажите, кои ги сметала и за несекси и за назадни – за несреќни остатоци од една мината доба на сексуално угнетување и на интернализирана хомофобија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дури и имплицираа патологија: дека биле симптом за преостанатите последици од повредите што ги имаме истрпено во текот на претходните столетија на општествено угнетување, последици од кои недоволно сме се ослободиле.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)