утешува несв.
утешување ср.

утешува (несв.)

Бугарите можат да се утешуваат дека прашањето за народноста на Македонците е решено во нивна полза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тетка Анѓа долго се врткаше во училиштето и упорно се бореше со немаштијата и гладот, штедејќи го брашненцето за подолги и потешки денови; чичко Петре постојано ѝ помагаше, ѝ се наоѓаше за што било и ја утешуваше дека и ова еден ден ќе помине и ќе дојде време убаво и среќно.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Молчи, мајко, не плачи! - ја утешуваше тој.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Смислував пеколни планови за својата иднина, утешувајќи се на тој начин.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Завидлив беше Писмородецот, и затоа, во моите сказанија си го претставував отец Пелазгиј како молец, или барем се утешував со помислата дека во некој претходен живот (во тоа чудо, претходен живот, само јас единствен од сите отци верував) засигурно и верно бил молец, оти зависта ваистина е молец: таа, како и несреќната животинка ја јаде рубата во која се родила: зависта го јаде срцето, ја нагризува душата, го сакати телото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потпрен на лактот на перницата во креветот, онака според навиката што телото го стекнало со време, ме утешуваше и ме смируваше темното и затвореното, ме штитеше, чувствувајќи ги сенките и облиците што се плетеа околу мене.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Поначесто, ноќум Сликарот слушаше придушен плач и детски гласови кои доаѓаа од горните простории: „Ми се присторува“, си велеше, се утешуваше и продолжуваше, сиреч, секоја ноќ, секоја полноќ.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сиротите животни со тажен поглед се утешуваа од зборот на нивниот газда, знаеја дека тој збор е полн со разбирање за нивната мака – тие и тој имаа иста цел: да стасаат до врвот, излегувајќи од темната магла, од коријата со згусната дабова шума.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ја молам судбината милозливо тоа да ми го дари“ - се утешуваше сам со себеси. Кон средината на декември, „белиот ангел“ пред кој генералите требаше да стојат простум, го промени своето војничко со цивилно одело.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)