хармонија ж.

хармонија (ж.)

Имаше црна коса и зелени очи - тоа е хармонијата на пеколот и змискиот отров а таков отров доброволно се пие до дно.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Воспоставувајќи хармонија меѓу комбинациите на временскиот и просторниот агол на гледање, а во чија внатрешност е сместен настанот, авторот успева да ги сугерира влезните кодови на пораката...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Знаеш ли, миличок, кој во тој миг може најубаво да ја почувствува суровата, единствена хармонија на Космосот?...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
За Ботеро, По и Валери на сликарството!, цврстината ја означува густината и сврзаноста, тој создава еден свет во кој може да се биде отворен, тежок и опширен без да се впадне во масивност, во кој „празникот на формата“ ја организира хармонијата на површините.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Експресивноста на стариот Микеланџело, кој како подобро да ги познава бездните на пеколот од Данте, го разорува статичкиот поим за хармонија и неговата рационална техника на скусување.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тој уметник [Wilhelm Frideman Bach], барем што се однесува до познавањето на хармонијата и на способностите за изведба, ги надминува сите музичари што сум ги чул во животот и оние кои можам само да ги замислам, макар што луѓето кои го познавале татко му тврдат дека тој бил уште поголем музичар. Така смета и кралот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во времето меѓу 1912. и 1914. година, кога детското сликарството и поезија се посматраа како рекапитулација на „хармонијата и чистотата на детската душа”, неопримитивизмот на Ларионов го воздигнуваше враќањето кон детството, следејќи го трендовски новиот приод.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Со оглед на тоа што од било каква тема не може да се направи толку комплексна хармонија, Бах избрал една тема и ја извел веднаш, на големо изненадување на присутните, и тоа со истата величествена умешност како во случајот со кралската тема.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Затоа мораме да преминеме кон генетската неопходност, да се одвоиме себеси од нивното безгрижно лудило и отсега па натаму да ги контролираме како и останатите Божји суштества - во хармонија, братство, во нивната закана на животот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога на патот на органската еволуција стана очигледно дека мутацискиот процес неизбежно ги разградува физичките и невролошките врски што ги поврзуваат припадниците на една генерација со минатото и неизбежно ги насочуваат да преземат посебна и рамноправна позиција меѓу другите видови на Земјата, со која Законите на Природата и Природниот Бог ги дарува, сериозната загриженост за хармонијата на видовите бара да се утврдат причините за мутацијата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сметаме дека следниве вистини се очигледни: -Дека сите видови се создадени различни но еднакви; -Дека сите се дарувани, секој посебно, со одредени неотуѓиви права; -Дека им припаѓа Слобода да живеат, Слобода да се Развиваат и Слобода да бараат Среќа на свој сопствен начин; -Дека за да ги заштитат овие од Господ дадени права, социјалните структури природно се појавуваат, засновајќи го својот авторитет врз принципите на љубов кон Бога и почит кон сите форми на живот; Кога која и да е догма на владеење ќе стане деструктивна по животот, слободата и хармонијата, органска должност на младите членови на тој вид е да мутираат, да исчезнат, да иницираат нова социјална структура, поставувајќи ги нејзините основи на такви принципи и организирајќи ја нејзината моќ така што ќе биде можно да се произведе сигурност, среќа и хармонија за сите живи суштества. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 61
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Беа атавистички загрозени најголемите вредности на Албанија низ историјата: толеранцијата и верската хармонија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Онианс укажува дека истите хармонија, број и ред коишто можат да се најдат во старогрчката математика ги одредуваат и уметноста, музиката и архитектурата, подеднакво како што ја регулираат и старогрчката воена фаланга; впрочем, и „Хесиод, во Теогонијата, ја прогласува Хармонија за ќерка на Арес, богот на војната“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој забележува симултана зависност од математичката хармонија, пропорциите и редот во старогрчката ‘уметност на војување’ како и во уметноста и архитектурата, и заклучува дека војната е најважната „тема“ во старогрчкото сликарство и вајарство, како и структурален принцип во архитектурата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тие меѓусебно се надополнуваат како полови од иста целина - идејата за општество кое е во состојба да постигне хармонија на своите противречности.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Секој облик, секоја линија емитуваше свој еквивалент во музиката во совршена хармонија со шарата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Мачнината ја засилуваше овој силен удар да се наруши хармонијата на универзалното верување, на вечното човеково право на верување во недофатната минливост.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Хармонија е предмет што треба да го положам во септември ако сакам да фатам услов за трета година, а колку е досаден и тежок, поим немаш!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Откривајќи го патот на јагулите, цврсто веруваше дека го открил и патот на луѓето кон нивната суштинска хармонија со природата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Леле, ама давиш, ќе ме умреш со таа Хармонија – се налути Саше – ти нормална си или не? Јас одам на летување, а не на учење.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Повеќе