хелиум м.

хелиум (м.)

Со гумите за џвакање правевме балончиња и ги полневме со хелиум. Чекавме. Не, одложувавме. Се плашевме ли?
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
238 Како дел од операцијата „Хелиум“ единиците на НОВ и ПО на Македонија требало да „направат што повеќе препреки на патот така што непријателот потешко би можел да ги премости.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Целта е да се спречи повлекувањето на непријателот од Грција и да се убијат колку што е можно што повеќе Германци. Кодираното име на операцијата цитирам е Хелиум повторувам Хелиум“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тоа е балонче со хелиум заврзано за страк трева.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Балонот на комуникација, како и секогаш, прерано го изли својот хелиум, небаре премотувања сцена од филм во која не можеше лесно да се дознае причината за однесувањето на ликовите.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)