шаренолик прид.

шаренолик (прид.)

Се сретнаа недалеку од наредените црвени автобуси опседнати од шаренолика толпа и застанаа еден наспроти друг, со испитувачки погледи и затворени секој во себе. „Па здраво“, зачекори кон него Отец Симеон, гаменски исправен и со забуцани раце во длабоките џебови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Колку целината на она што го чувствуваме и ткаењето на нашиот обичен, секојдневен свет се социјално програмирани, поттикнувана фикција, мрежа во која сите сме заплеткани, со исклучок на малкумина кај кои условувањето не се „фатило“, или попуштило, или кои се разбудиле од маѓепсаноста - шареноликата толпа генијалци, психотичари и мудреци?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Обземен и воден од својата себичност, целта како шаренолика пеперутка лета пред неговите очи. Го мами.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Широки димензии на една поетска сфера која во својата содржина вметнала шаренолик спектар на интересности.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)