шаржер м.

шаржер (м.)

Поетични пцости наредени густо и истрелани од откочен шаржер.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Фезлиев седи на тврдиот стол веднаш до вратата од претсобјето и го полни и го празни шаржерот на својот револвер.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Наместува куршум во шаржерот и оди до вратата. По малку, се враќа.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Му се доближи одзади и го испразни сиот шаржер во него. Ѓорче се поревна и падна.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Срцето ми тропна како подлизнат шаржер. Го стиснав со забите со намера да го проголтам.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Лично во неа го истурив целиот шаржер и мртва ја плукнав кучката.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Стави нов шаржер и распали.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
До неа автомат. Ѓорѓи го откопча шаржерот. Празен.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нов шаржер и сега бие со кратки рафали.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)