лежерен прид.

лежерен (прид.)

Со лежерно движење го престигна поројот од мои прашања.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Сред сета онаа арогантна турканица, таа ми праќаше охрабрувачки погледи,со неприкриена нотка на сожалување, што ме натера, токму на полноќ, откако буричкајќи по џебовите најдов две згужвани, испотени, но се уште читливи хартиички, да скокнам од мракот, си истуркам пат и лежарно му го земам микрофонот на едниот од гласноговорниците дркаџии.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Некогаш, не внимаваше на часовникот. Ги набљудуваше луѓето суверено, како обожуваната актерка љубопитната публика, потоа лежерно ја играше својата ролја.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Лежерно ме смести во една од фотелјите, им одрецитира неколку ласцивни вица на трите поети во подем и ги испрати, развеселени, назад во скопската ноќ.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Нашите лежерни и самодоверливи писатели се фасцинантни, не ѝ се гледа крајот на нивната “дива фикција”, новиот литературен жанр, со кој ингениозно ја задолжија, старата поетика на фалсификување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Фала му на Еросот, затоа и сепак, за одредените мали задоволства, како што беше лежерното водење љубов порано денес, на крајот од попладнето или на почетокот на вечерта, како годе човек да гледа на тоа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Јас се задржувам уште за миг во лежерен разговор со соседите, додека да влезат во лифтот, па ја отворам првата, отклучена врата, но гледам, не можам да ја отворам втората! Ја заклучил!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Хрисостом говореше беспрекорен германски јазик и со оглед на држењето, лежерноста и природниот авторитет што зрачеше од великодостојникот, тој факт им остави уште подлабок впечаток, клучен, како што ќе се покаже, за целото нивно присуство на островот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се вратија таа есен, и за само едно годишно време се беа претвориле во прекрасни млади жени со префинето однесување, со француски фрази во кокетливиот говор, со израз на лицето кој не изразуваше збунетост и пониженост, туку една лежерна скромност и радост од животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш тие игри изгледаа како лежерно потсмевање: кога некој кој веруваше дека е Казанова, го прашуваше за неговите љубовни авантури, или некој кој тврдеше дека е Наполеон, го прашуваше за неговите воени походи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
(...) Да не мислиш на смртно сериозните теми (од психоанализа, дискриминација до екологија) третирани на лежерен, шегобиен, дури и навидум „несериозен“ начин?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Добро зготвениот, обилен оброк, со домаќин чиишто лесни обиди за забавување се чинеа дека воодушевуваат многу над границите на неговите напори, и лежерната атмосфера за којашто жеднееше Семовата душа, се здружија за да му пружат задоволство и луксузно олеснување на Сем, такво кое ретко кога го наоѓаше на своите тури низ ранчовите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во последниот дел од ревијата моделите носеа отворени лежерни фустани со тенки бретели, истакнат струк и широк пад, или гол грб со тесна долга сукња но во весели, шарени дезени: „Флорида“ (акварелни цветови), “Гранд При“ (цртани цветови), споени птици во стил на Ешер во црвено/светло сива нијанса, со лудо поставени вистински цветови/камелии над косата и мрежа која паѓа над очите.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Надвор веќе беше квечерина. На гранките од дрвјата полека се палеа ѕвездите, а месечината лежерно се смешкаше во позадина.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И оваа рака не беше родена по цел ден да куцка на тастатура, туку со мал знак да испраќа на губилиште или да дарува живот, и потоа лежерно да ја подава, за бацирака.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Само лежерниот тек на Дунав не беше променет.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Лежерна опуштеност, питом поглед, стиховите од моите песни долго патуваат, додека стигнат до затворената порта од твојата душа, што неуморно ткае песна во немирните ноќи...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Радица лежерно ги влечеше нозете по изабената кумановска калдрма. Го броеше секој камен, се загледуваше во нивниот облик и боја.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Зад кулисите на човечката суета, Додека трае тој краток допир на лежерна опуштеност Како втор Рембрант ван Рејн, што ја оживеа природата на платно Јас на лист бела хартија и црно перо во стилот на виножитото со раскошни бои ќе го насликам светот.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Види чудо над чудата! Татко лежерно, речиси невидливо, се насмевна!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)