пингвин (м.)

Тоа значи дека е тешко да се очекува да налетате на пингвини додека шибате со својот лендровер по саваните на Кенија.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ти си нашиот пингвин нашата фока, јагуар и јагне.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Снема струја во топол летен ден и умреа од жештина пингвините што Џ ги чуваше во големиот фрижидер.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Еден студен зимски ден, Џ дозна од маалската алапача Мара дека неговите гладни соседи ја исклучиле струјата во зградата за да се нагостат со пингвините.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Се јави во продавница за домашни миленичиња и нарача нови десет пингвини кои сакаше да ги нагости со зготвеното месо од соседите.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ќе испоцркаме на сцената на која и пингвини од ладно би паднале во несвест.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Да, немат пигвини, ама го имат татко ми, неговата свежа колонска вода, а богами и неговата желба да ме будит со то шо че ми го земит чебето од на мене.
„Штамата на Енхалон“ од Ненад Јолдески (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК