так (м.)

Так-так-так! биеше ковачот во часовникот. И неочекувано стивна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Так, так, так, - барабанеше под стреата, зад оџакот, однапред, некаде одзади.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Минливоста кружи – тик . . .тик, так . . .отворена, без одбрана, чекајќи пинцетата, водена од моите сигурни прсти, да се забоде во нејзиното мало, метално срце.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Веќе ништо не се слуша, велам, и так, се прекинува врската.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тик так, тика так, се нишаат вековите. Омлитавува часовникот на сеќавањето.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)